Што се тоа Мишелин ѕвезди ?

Posted by admin

 Се започнало во 1899 година кога Анре Мишелин го објавил првиот број на „Водичот на Мишелин“, со цел сопствениците на автомобили да можат да дознаат каде да наточат гориво, да ги поправат автомобилите, но и во кои гостилници добро се јаде и пие.

Браќата Мишелин ја минале целата земја и собрале голем број информации, кои ги внеле во нивниот водич и со тоа стекнале кредибилитет и доверба. После многу години, самиот Водич стана гурманска библија, а местото во него – амбиција на секој сопственик на ресторан.

Во денешно време „Водичот на Мишелин“ се смета за најзначаен и најдобар водич за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји во светот.

Водичот има свој систем со кој ги вреднува најдобрите хотели и ресторани во однос на цената. Важни критериуми за рестораните се квалитетот на производите, вештината на создавање ароми и готвење, оригиналноста на кујната, цената (локалните стандарди ја одредуваат просечната цена) и доследноста на посетителите.

Ѕвезди добиваат рестораните со најдобра кујна, без оглед на видот на кујната, а ѕвездите само го оценуваат она што е сервирано не земајќи го предвид ентериерот, декорациите, квалитетот на услугата и поставувањето на масите. Не постои стандардизација како критериум за квалитет, туку само квалитет на различни нивоа.

Со овој начин на оценување на квалитетот се избегнува стандардизација и можноста рестораните да се копираат или да бидат слични еден на друг.

Инспектор на Мишелин ги оценува рестораните така што тајно доаѓа во угостителскиот објект и следи се што се случува, водејќи се од пет основни критериуми – квалитетот на состојките, вештината на подготовка на храна и комбинација на зачини, степенот на креативност, постојаноста на квалитетот на храната и пристапноста на цените.

Ресторанот може да освои една до три ѕвездички, зависно од многуте услови кои мора да ги исполни за воопшто да влезе во есклузивниот тесен круг на реномирани ресторани.

Мишелин наградата е реткост. Секако е привилегија да се добие една ѕвездичка од страна на строгите инспектори, а три ѕвездички за исклучителен квалитет имаат само 85 ресторани во светот, од кои 26 се во Франција.

Стекнувањето или губењето на ѕвездичката Мишелин може да ја зголеми или намали продажбата во ресторанот и до 50 отсто. Во случај на губење на ѕвездичката може да дојде и до затворањет на објектот. Ризикот кој е присутен во ваквите „fine dining“ ресторани е голем, така што борбата за ѕвездички на Мишелин во светот во високата гастрономска мода не престанува.

Европски градови опфатени со „Водичот на Мишелин“ се: Германија (Берлин, Келн, Франкфурт, Хамбург, Минхен, Штутгард), Австрија (Виена, Салцбург), Белгија (Брисел, Антверпен), Данска (Коопенхаген), Шпанија (Мадрид, Барселона, Валенсија), Финска (Хелсинки), Франција (Париз, Лион, Стразбург, Тулуз), Велика Британија (Лондон, Бирминген, Единбург, Глазгов), Грција (Атина), Унгарија (Будимпешта), Италија (Рим, Милано, Торино, Фиренца), Ирска (Даблин), Луксембург (Луксембург), Норвешка (Осло), Холандија (Амстердам, Ротердам, Хаг), Посла (Краков, Варшава), Португалија (Лисабон), Чешка (Прага), Шведска (Стокхолм,. Гетерборг ), Швајцарија (Берн, Женева, Цирих).

Како да се пријави реторан за ѕвезда на Мишелин

Пријава за посета на инспектор и можно добивање на Мишелин ѕвезда може да се направи преку официјалната веб страница на „Водичот на Мишелин“  . Одговорот за посета на инспекторот нема да се добие, бидејќи инспекторите доаѓаат и го посетуваат ресторанот анонимно, без најава.

Ако храната е навистина одлична, доаѓаат и по вторпат. Потоа се состанува тајно жири кое одлучува дали ресторанот ќе добие ѕвезда или не. Во пријавата, многу се важни и посетителите/гостите кои ги испраќаат своите номинации за ѕвезда на Мишелин.

Да го нема водичот, „Мишелин“, кој е производител на пневматици, според Французите, тпј дека би бил само уште една здодевна компанија. Вака, негувајќи го цел век тој „гастрономски бисер“, семејството Мишелин не само што ја промовираше својата фирма, туку, според мислењето на многумина,

Црвената книга ја претвори во еден од незаобиколните столбови на француската култура, ја претвори во француско национално богатство. 

Категории
Архива
Популарни објави
Низ архивата
октомври 2024
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
Категории